Лакрабер ќе игра на Фајнал фор во уникатни патики од Сатја Грабулоски

By

Ракометарката на „Вардар“, Александра Лакрабер, викендов ќе брани на Фајнал фор турнирот во Будимпешта во уникатни патики што за неа ги нацрта Сатја Грабулоски. Патиките се направени во дозвола од нејзиниот спонзор „адидас“. На патиките е исцртан знакот на ЖРК Вардар, нејзиниот број 64 и испишани се зборовите „само верувај“.

„Се надевам дека ова Just Believe годинава конечно ќе ја донесе  титулата во Скопје“, рече Лакрабе за „Репортер“.

Таа додаде дека многу ја засакала Македонија и дека ѝ е жал што ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Минатата година во патики на Грабулоски на завршниот турнир во Будимпешта играше Андреа Лекиќ. Сатја со својот тим веќе подготвува патики и за неколку ракометари на Вардар, во кои ќе играат на Фајнал фор турнирот во Келн на крајот на мај.

(А.Ј)

Ќе ви се допадне