Најголемиот вселенски телескоп “Џејмс Веб” денеска беше лансиран од Француска Гвајана. Вселенскиот телескоп на НАСА, вреден 10 милијарди долари, беше лансиран на ракетата Аријана-5. Тој се смета за еден од најголемите научни потфативо 21 век. За неговиот дизајн и изработка биле потребни дури 30 години.
Неговата мисија е да се надоврзе на откривање на вселенскиот телескоп Хабл, кој веќе 31 година е во орбитата, а наскоро ќе престане да функционира.
We have LIFTOFF of the @NASAWebb Space Telescope!
At 7:20am ET (12:20 UTC), the beginning of a new, exciting decade of science climbed to the sky. Webb’s mission to #UnfoldTheUniverse will change our understanding of space as we know it. pic.twitter.com/Al8Wi5c0K6
— NASA (@NASA) December 25, 2021
„Џејмс Веб” ќе може да гледа подлабоко во вселената и многу подалеку во минатото. Целта е да се видат некои од првите ѕвезди и галаксии кои се формирале откако планетите настанале од експлозија во вселената, пред повеќе од 13,5 милијарди години. А исто така ќе може да ја испита атмосферата оддалечена на далечените планети, за да се види дали има гасови кои би можеле да навестат присуство на живот.
Всушност, тој е е огледало широко 6,5 метри преоблечен во злато, поврзано со инструменти со висока сензитивност.