Лажен пилот фатен по 20 години летање

Пилот кој повеќе од 20 години без дозвола управувал со авиони, откриен дури неодамна кога поминувајќи низ швајцарскиот воздушен простор извел некои невообичаени маневри.

Како што пишува британски „Мирор“, Вилијам Ченделр во текот на својата цела кариера летал со лажни документи, се додека јужноафриканската компанија не му ја одземала пилотската лиценца.

Според пишувањето на јужноафриканските медиуми, компанијата „САА“ ги открила лажните документи додека го истражувала инцидентот кој во ноември минатата година се случил кога, авион на лет од Јужна Африка до Франкфурт поминувал низ швајцарскиот воздушен простор.

Истрагата покажала дека Чендлер, копилотот на летот, кој тогаш управувал со авионот, неколку пати извел чудни маневри.

„Никој не ги разбираше тие маневри. Кога слетаа веднаш напишаа извештај. Наводно тие маневри предизвикале и проблеми на самиот авион“ – изјавил извор запознаен со ситуацијата додавајќи дека компанијата започнала истрага.

Чендлер инаку одбил унапредување во капетан бидејќи тоа би значело дека повторно ќе мора да го полага испитот за летање

Scroll to Top