Лекарите и се поклонија на девојката чие срце спаси живот на 27-годишно момче

Докторите и се поклонија на девојката која почина во сообраќајна несреќа, а чие срце беше трансплантирано во телото на дваесет и седумгодишно момче.

Фотографија од поклонот ја објави министерот Венко Филипче кој напиша дека младиот живот на девојката трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот.

„Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче.

Успешно направена првата трансплатацијата на срце од починат донор

Scroll to Top