Лекарот му рекол дека нема рак, а тој го искасапил до смрт

Во рускиот град Мурманск пациент (67) со нож нападнал лекар и го убил. Мажот мислел дека има рак, а веќе еден лекар му кажал дека тоа не е вистина.

Пациентот не му верувал. Потоа отишол кај лекарот Игор Тјуленов кој бил познат како исклучително угледен лекар и стручњак за кого другите лекари и пациенти имале само пофални зборови.

И тој на пациентот му потврдил дека не е болен. Но тој бил убеден дека го лаже.

Во ходникот на болницата го нападнал докторот и го избодел со нож, по што тој починал. Напаѓачот со ножот се убил.

https://www.youtube.com/watch?v=oHE7XcTqkK4

Scroll to Top