Лет во вселената со „Вирџин галактик“ чини 450.000 долари

Компанијата за вселенски туристички летови „Вирџин галактик“ објави дека започнала со продажба на вселенските летови по цена од 450.000 долари од седиште.

Постојат три опции за заинтересираните потрошувачи, односно единечно патување, семеен пакет и опција за закуп на целиот лет.

Ова не е првпат компанијата да продава вселенски билети. Во периодот меѓу 2004 и 2014 година таа продаде околу 600 карти, со тоа што тогашната цена изнесуваше помеѓу 200.000-250.000 долари.

Следниот вселенски лет е закажан за крајот на септември. Се работи за истражувачки лет, спроведен заедно со италјанското воено воздухопловство, а леталото ќе полета од Ново Мексико.

Сопственикот на компанијата, Ричард Бренсон, пред неколку недели самиот одлета до вселената во големо летало со вселенски ракетен авион ВСС Јунити.

 

Scroll to Top