„Летечкиот човек” повторно ќе се обиде да го прелета Ла Манш

„Летечкиот човек”, Французинот Френки Запата повторно ќе се обиде да го прелета Ла Манш на „флајбордот”, којшто е негов изум. Неговиот прв обид пред неполна седмица, заврши на половина пат. Сопругата на пронаоѓачот, Кристел денеска изјави дека тој повторно ќе проба да го прелета 36 километри широкиот теснец меѓу Франција и Англија.

Минатата седмица, при својот прв обид, Запата ја промаши платформата за слетување на брод каде што требаше да дополни гориво, на 20 километри пат. Моторот на флајбордот работи на керозин. Авантуристот го носи резервоарот на грб, додека стапалата му се прицврстени за даската.Тој сега ќе мора неговата „даска за летање“ да ја направи поголема и поразлична од оние што тој им ги продава на љубителите на водени спортови.

Scroll to Top