Лоши навики од кои ви паѓа косата

И покрај тоа што постојано се грижиме за косата, постојат неколку лоши навики што предизвикуваат нејзино опаѓање.

Косата ви е постојано во пунџа

Ако косата ви е секој ден крената и затегната, таа ќе биде оштетена и сува, а тоа може да предизвика нејзино паѓање. Пронајдете а фризурата која ви се допаѓа, а да не подразбира секојдневно носење ластиче за коса.

Препарати кои ги ставате пред фенирање

Жените кои да го вклучат фенот ставаат лак на косата, масло и слични препарати. Лакот за коса содржи алкохол, а ако го загреете со фен, косата ќе се исуши и ќе биде кршлива.

Користите погрешен шампон

Косата треба да се измие со соодветен шампон. Жените со бојосана коса не треба да користат шампони што во себе имат сулфат. Ваквите шампони треба да ги користат жените кои имаат масно теме и природна боја на косата.

Сушење со пешкир

Овој трик е за девојките кои имаат брановидна коса. Ама бидејќи мократа коса е исклучително чувствителна и лесно кршлива, оваа навика не се смета за исправна.

Сушење со фен

Претераното обликување на косата со фен и слични апарати влијае лошо на косата. Врвовите брзо се оштетуваат, а косата станува сува. Најдобро е косата да се исуши природно. Ако користите фен, заштитете ја косата со спреј за нега.

Регенератор

За секоја коса постои соодветен регенератор. Тој ја храни косата и ги негува испуканите врвови. Тој ѝ е потребен на косата за да биде мека и помалку да се крши.

Scroll to Top