Љубомората го уништува бракот

Љубомората е комплицирана човечка емоција. Многу е важно да се напомене дека таа истовремено е и сосема нормална човечка емоција којашто ја доживуваат речиси сите луѓе . Љубомората станува проблем кога не се намалува  нејзиниот интензитет или кога се манифестира константно низ секојдневното однесување.

Проблемот се појавува кога таа се појавува без реална причина. Вообичаено е да почувстуваме љубомора кога ќе согледаме докази за сомнеж. Но, под некои специфични околности љубомората може да поприми и облици на самоодбрана и потенцијална опасност кон партнерот кон кого е наменета, фигурирајќи во однесувањето на партнерот дури и кога не постои реална причина за тоа.

Некои од вообичаените однесувања карактеристични за личностите кои доживуваат патолошка љубомора се:

 

– Постојано барање докази за неверство

– Постојано анализирање на однесувањето на партнерот и грешна интерпретација за истото

– Манијакално проверување на телефоните, интернет-профилите и секој друг облик на комуникација што го остварува партнерот

– Чести проверки на личните работи и предмети на партнерот во потрага по докази  што ќе го докажат сомнежот

– Одалечување на партнерот од неговите пријатели и познаници

– Јавно искажување постојана недоверба

– Во екстремни случаи присуство на физичка и вербална злоупотреба на партнерот

Scroll to Top