Љубовните писма на Наполеон продадени за половина милион евра

Три љубовни писма што Наполеон Бонапарта ги напишал за неговата сопруга Жозефина меѓу 1796 и 1804 година, беа продадени на аукција за 513.500 евра, соопшти аукциската куќа „Друо“ од Париз.

„Немам добиено писмо од тебе. Сигурно имаш друга, попријатна работа, штом забораваш на сопругот, кој макар и да е затрупан со работа, а и покрај уморот, мисли единствено на тебе“, стои во писмото на генералот до Жозефина на 18 април 1796 година, за време на походот во Италија.

На истото наддавање, машината „Енигма” од Втората светска војна беше продадена за 48.100 евра.

Scroll to Top