Љубовницата на Ескобар открила како нарко-босот ја освоил

Вирџинија Ваљехо е една од најпознатите љубовници на прочуениот нарко-бос Пабло Ескобар.

За својата љубов кон Ескобар, Вирџинија пишува во својата книга Loving Pablo, Hating Escobar (преведена како „Го сакам Пабло“).

Ескобар постојано бил цел на полицијата и непријателите, па нивната врска морала да биде дискретна. Одвреме-навреме имало шпекулации за нивниот однос, па аферата ја уништила нејзината кариера како телевизиска новинарка.

„Со Пабло го изгубив разумот, а тој по мене ја изгуби главата. Сè што остана е човек кој го прогонува правосудството и жена која ја прогонуваат медиумите. Човекот и жената кои се познаваа еден со друг и кои се грижеа еден за друг и покрај болните предизвици поради неговата отсутност, неговите злосторства и грешки“, напишала Вирџинија во книгата за нивната врска.

За време на годините што ги минале заедно Вирџинија сведочела за крвопролевањата, стравот и корупцијата, кои биле составни делови од царството на Ескобар.

Од првиот ред го следела патот на Пабло од амбициозен политичар кого го сакале сиромашните, до очаен параноичен бегалец кој станал најбараниот човек на светот, сè до неговиот крај.

Монструмот Ескобар е одговорен за смртта на десетина полициски службеници, судии, новинари и тројца претседателски кандидати, политичари и недолжни цивили кои се нашле на погрешно место во погрешно време. Сепак, истиот тој Ескобар кај добар дел од сиромашните Колумбијци се славел како идол. Тие го третирале како Робин Худ. На сиромашните им градел домови, патишта, стадиони, а на илјадници луѓе им овозможил да работат.

Пабло и Вирџинија се запознале во 1982 година, кога тој бил млад конгресмен со големи политички амбиции, а потеклото на неговото богатство било голема мистерија.

Во моментот кога се запознале Вирџинија била во врска со други мажи. Иронично, таа врска завршила поради нивната зависност од кокаин. Славната телевизиска водителка веќе била навикната на познанства со елитата и додворувања на познати привлечни мажи. Но, на крајот Ел Ескобар сосема ја воодушевил.

На почетокот на познанството Вирџинија сè уште технички била во брак со својот  поранешен сопруг, кој одбивал да ги потпише документите за развод.

Кога тоа го слушнал Ескобар, ѝ рекол дека ќе ја реши работата во рок од 48 часа. Вирџинија пристигнала дома, а нејзината куќна помошничка ѝ рекла дека сопругот и адвокатот ја барале трипати.

„Вашиот сопруг утрото ве бараше. Беше очаен, ми рече дека до пладне мора да ги потпише документите, во спротивно е мртов човек“, изјавил тој.

„Сиротиот човек изгледаше како да ќе добие инфаркт. Едвај се потпиша“, раскажал нејзиниот адвокат.

Следниот ден Ескобар во знак на поздрав ѝ испратил шестмина луѓе со големи букети цвеќе.

 

Scroll to Top