„Луј Витон“ ја повлече колекцијата инспирирана од Мајкл Џексон

Светски познатата модна куќа „Луј Витон“ ја повлече колекцијата за мажи за лето 2019 година, која беше инспирирана од починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон. Колекцијата беше промовирана лани. Француската модна куќа се приклучи во кампањата против Џексон, откако неодамна беше промовиран документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“, каде се тврди дека Мајкл Џексон бил педофил кој злоставувал малолетни момчиња.

Откако беше прикажан документарецот, „Симпсонови“ ги исфрлија сцените со Мајкл Џексон од епизодите во кои беше вклучен славниот музичар, а многу радио станици и некои телевизии во светот веќе не ја пуштаат неговата музика.

Мајкл Џексон ме силуваше кога имав 10 години, раскажува еден од мажите жртви на поп-иконата

Scroll to Top