Лулашките на американското-мексиканската граница се избрани за дизајн на годината

By

Лондонскиот музеј за дизајн ја додели наградата „Бизли“ на Teeter Totter Wall – лулашките поставени помеѓу американската и мексиканската страна на границата.

„Ѕидовите обично ги разделуваат луѓето, но оваа инсталација успеа да ги спои луѓето од двете страни на границата“, велат тие.

Лулашките беа поставени од Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело во зоната Анапра во Сиудад Хуарес во Мексико низ ѕидот што го крена Доналд Трамп и им овозможија на луѓето од двете држави заедно да си играат. Иако беа тргнати по 20 минути, снимките од децата што се лулаат го обиколија светот во јули 2019.

Креаторите велат дека идејата за ваков проект ја добиле пред десет години.

„Сакавме да зборуваме за граничниот проблем на искрен начин, но со доза на хумор. Последните големи настани јасно ни кажаа дека не треба да градиме ѕидови, туку мостови. Мора да размислуваме за тоа како да бидеме поврзани и да бидеме заедно без да се повредуваме“, велат тие.

Ќе ви се допадне

How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://animeflix.nl/m/MOkl) Episode Preview at ANIMEFLIX animeflix one piece

Watch Cells at Work! Episode Full at KissAnime playful kiss anime