Мачката на Карл Лагерфелд ги наследи неговите милиони, па сега е ѕвезда на „Инстаграм“

Мачката на дизајнерот Карл Лагерфелд, Шупет, стана најбогатата мачка на светот откако по смртта на славниот дизајнер наследи 200 милиони евра. Мачката денес живее со дадилка во предградие на Париз и има свој профил на Инстаграм. На профилот беше објавена серија фотографии што ги сликал Лагерфелд непосредно пред неговата смрт.

„Таа е славна мачка. Има свој менаџер бидејќи добива многу барања. Досега нема сработено ништо затоа што е ултраизбирлива“, изјави Каролин Лебар, шефица на комуникации на брендот „Карл Лагерфелд“ во Париз.

Според неговиот пријател Герхард Штајдл, Лагерфелд правел и до 50 фотографии од Шупет дневно. Таа беше неговата најголема љубов, леташе со него со приватен авион и ѝ купуваше дијамантски ѓердани.

Лагерфелд ја веднаш се вљубил во Шупет кога првпат ја видел кај нејзиниот сопственик, францускиот модел Баптист Гјабикони, во 2011 година. По две недели ја зел кај себе. Шупет потоа се појави во неколку рекламни кампањи. Денес има 128.000 следбеници на Инстаграм.

Scroll to Top