Мајка ги задавила своите мали деца, па ги запалила

Елена Каримова, самохрана мајка од Новгород во Русија е обвинета дека ги убила и запалила своите две деца, па нивните тела ги оставила во напуштен склад. Таа пред полицијата тврдела дека морала да ги убие, оти немала пари да и издржува.

Според изјавата што ја дала во полиција, 27-годишната Елена својата ќерка Хадија (4) и синот Сулејман (2) ги ставила во седиштето на изнајмен автомобил и ги однела во Нижни Новгород. Го запрела возилото, па ги задавила децата. Потоа на бензинска станица купила масло за ложење. Телата на децата ги однела до шумата во близина на автопатот и таму ги запалила. Кога се сетила дека остатоците од телата може да ги пронајдат локални ловци, ги собрала јагленисаните тела, ги сместила во автомобилот и ги вратила дома.

Следниот ден, телата на децата ги однела до напуштен склад. Таму повторно ги запалила телата и си заминала дома.

Телата на децата ги пронашла Евгенија Катјушев, жител на блиското село. Повикала пожарникари, кои ги идентификувале остатоците како тела од деца. Пожарникарот прво помислил дека јагленисаните коски се на куче, а кога се доближил поблиску, видел дека станува збор за две деца.

„Телата беа толку оштетени што само една нога останала цела. Беше невозможно да се утврди полот на децата“, рекла Катјушев за локалните весници.

Полицијата веднаш покренала истрага, а неколку часа подоцна Каримова е уапсена. Таа е осудена на два месеца притвор, во кој период ќе помине низ психијатриско вештачење.

Според нејзините пријатели и роднини, на социјалнтие мрежи Елена редовно објавувала трогателни постови со своите деца, а на видеото на кое позира со својата ќерка само 10 дена пред убиството, напишала: „Ти си моја душа, моја најдрага малечка личност, она поради кое што сум на нозе, поради кое живеам“.

 

Scroll to Top