Мајката виновна за смртта на двегодишното девојче од Велс

За смртта на 2-годишната Кјара Мур од Велс е виновна нејзината мајка. Телото на девојчето било пронајдено во  автомобил потонат во студената река Тејфи. По детална полициска истрага било откриено дека автомобилот не бил украден, туку дека самиот се одвозел во реката оти бил паркиран на надолнина.

25-годишната Кимберли Роуландс ја оставила својата ќерка во возилото и отишла до канцеларија. Се вратила набрзо, но нејзиниот нов автомобил веќе не бил таму. Несвесна дека автомобилот е во реката, во полиција пријавила кражба, а потоа објавила статус на „Фејсбук“.

„Ве молам побарајте го мојот автомобил, украден е додека мојата ќерка беше внатре. Ве молам, споделете ја оваа објава“, напишала таа.

По двочасовна потрага, девојчето и автомобилот биле извлечени од реката. Кјара, која следната недела требала да го прослави третиот роденден, била пренесена во болница, каде што починала.

„Моето прекрасно девојче вчера почина поради моја глупост. Цел живот ќе морам да живеам со вината. Мама те сака девојче мое и многу ми е жал“, напишала Кимберли по трагедијата.

Scroll to Top