Мајкл Китон по 30 години пак ќе го глуми Бетмен

Глумецот Мајкл Китон е во преговори повторно да го глуми Бетмен, но во филмот за Флеш, пишуваат холивудските медиуми. Тие објавија дека „Флеш“ со Езра Милер во насловната улога ќе излезе во 2022 година и засега не е познато колкава би била улогата на Китон. Филмот ќе го режира Енди Мускјети, кој се прослави со хоророт „Тоа“.

Китон последен пат го играше Бетмен, односно Брус Вејн во „Враќањето на Бетмен“ од 1992 година, по што улогата му беше доделена на Вал Килмер.

Во Холивуд официјално се работи на нов филм за Бетмен, а главниот лик го игра Роберт Патинсон. Со него, во улогата на жената-мачка се појавува и Зои Кравиц. Филмот за Бетмен со Патинсон ќе има премиера во 2021 година.

Scroll to Top