Македонија има 6 врвни научници меѓу најдобрите во светот, тие се рангирани во топ-листата на „Стенфорд“

Македонија има 6 врвни научници што се меѓу најдобрите во светот. Тие се рангирани во топ-2 проценти највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“ за 2021 година.

На оваа листа се најдоа Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ), Валентин Мирчески (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори – Трајче Стафилов (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за хемија, ПМФ, Скопје).

Листата ја направија автори од Универзитетот „Стенфорд“ во САД, кои направиле студија за рангирање на најдобрите светски научници од сите области.

За календарската 2020 година (рангирани во 2021 година), во топ-2 проценти највлијателни светски научници од Северна Македонија се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово), Кимет Јусуфи (Државен универзитет – Тетово), Билјана Бауер (УКИМ Скопје) и Билјана Ристеска-Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).
Scroll to Top