Организаторите на Евросонг денеска го објавија редоследот по кој ќе настапуваат земјите учеснички во Ротердам, Холандија. Васил Гарванлиев ќе настапи шести во првата полуфинална вечер на 18 мај со песната Here I Stand.
Евровизија оваа година ќе се одржува на 18, 20 и на 22 мај. Први на првото полуфинале ќе настапат претставниците на Литванија, а второто полуфинале ќе го отвори Сан Марино. Редоследот на песните за финалната вечер ќе се одреди на 21 мај, а освен земјите што се пласирале од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на земјата домаќин и на големата петорка: Италија, Германија, Франција, Шпанија и Велика Британија.