Компанијата Мув Хаб (MoveHub), која се занимава со давање информации за најпопуларните одредишта за живеење, неодамна објавила истражување во кое пресметала колкави се трошоците за живот во земјите ширум светот.
– Пакистан (25,08) – Бермуди (144,88)
– Египет (25,69) – Швајцарија (131,39)
– Украина (25,98) – Исланд (123,96)
– Индија (26,88) – Норвешка (113,70)
– Тунис (27,67) – Бахами (100,68)
– Сирија (27,81) – Луксембург (96,56)
– Косвоо (29,44) – Данска (93,30)
– Грузија (29,66) – Сингапур (91,40)
– Азербејџан (30,62) – Јапонија (86,58)
– Бангладеш (31,99) – Израел (86,53)
Според ова истражување, најевтината земја на светот е Пакистан. Следат Египет и Украина. Земена како посебна држава, Косово се наоѓа на седмото место на најевтини земји на светот.
Кога станува збор за најскапите земји, Бермудите се на водечката позиција, а следат Швајцарија и Исланд. Од земјите во регионот, најскапи за живот се Словенија и Хрватска, а најевтина е Македонија,
Репортер.мк ги спореди цените на поедини намирници во главните градови на поранешните југословенски републики и дојдовме до истиот резултат. Словенија е убедливо најскапа, а Македонија најевтина држава во регионот.
Цените во табелата се прикажани во денари:
Во Љубљана цените на намирници се поголеми од оние во Белград за дури 42.66%, додека цените од истите произовди во Скопје се поевтини за 13,21% во однос на главниот град на Србија.
Покрај Скопје, само уште во Сараево цените се нешто пониски во однос на Белград, и тоа за 83%, додека за истите намирници во Загреб и Подгорица потребно е да издвоите повеќе пари.