Македонија годинава нема да се натпреварува на Јуниор Евросинг, потврди денес Македонската радио-телевизија. Поради ситуацијата со коронавирусот, МРТ реши годинава да не испрати свој претставник на натпреварувањето што треба да се одржи во Варшава, Полска, на 29 ноември.
На ланската Евровизија, што се одржуваше во Гливице, Полска, за Македонија настапи Мила Мојсов со песната Fire. Таа заврши на шестото место.
Ова е прво откажување на Македонија од Јуниор Евросонг по повлекувањето на МРТ од натпреварувањето во 2014 година поради финансиски проблеми.
Освен Македонија, годинава на јуниорската Евровизија нема да учествуваат ни Австралија ни Велс, кои претходно ги откажаа своите настапи.