Македонката Мери Амбросова веќе неколку години живее во Украина со својот сопруг, кој потекнува од таму. Таа во моментот е сама со својата ќерка во автомобилот обидувајќи се да излезат од Украина и да си дојдат во Македонија.
Мери објави видео на својот инстаграм-профил, во кое раскажа за голготата низ која поминува со својата ќерка.
View this post on Instagram
„Моментно патувам и се вклучив со обраќање во живо на ‘Инстаграм’ за да изгубам време затоа што Украина е огромна и само за да ја извозиме потребни се 10 часа, а знаете дека затворени се границите. Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се вознемирени. Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум во шок. Првпат во животот да почувствувам такви емоции. Сите руски блогери изигруваат дека сè е во ред, никој не се побуни против ова што се прави“, вели Мери во своето обраќање.
Таа додава дека сите руски курсеви се поддржани од Украинци и никогаш немало ништо против Русите, но дека ова е трагично што му се случува на украинскиот народ.
„До последно тие беа за мир и сè да се реши по мирен пат, но ете – тоа е“, вели Мери заблагодарувајќи се на поддршката.
Таа додава дека Киев бил блокиран, па едвај успеала да излезе на автопат, каде што има многу метеж.
„Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам. Мене ми се понуди помош за да излезам и тргнав кон Скопје. Благодарна сум за таа помош, инаку јас буквално немаше да знам што да правам“, рече Мери.