Македонски студент освои награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Виктор Ивановски, студент по анимација на Sheridan College во Канада, е дел од екипата што работеше на анимираниот филм The Fox and The Pigeon, кој ја освои престижната награда ANNIE за најдобар студентски анимиран филм. Наградата ја освои на 47. издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес. Виктор, заедно со уште десет студенти работеше на реализација на филмот. Тој е ко-режисер, композитор и интерпретатор на музиката за филмот.

Анимираниот филм The Fox and The Pigeon беше во трката за најдобар студентски филм во конкуренција од голем број анимирани филмови од целиот свет. Филмот доби позитивни стручни критики од светските експерти за анимација.

Инаку, Виктор Ивановски е студент на четврта година на Sheridan College, кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот во областа на анимацијата. Тој е и првиот Македонец што освоил ваква престижна награда за анимација.

Scroll to Top