Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал вчера од срцев удар на Хималиаите, во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест. Во искачување на Монт Еверест доктор Петков тргна на 24 март годинава, а според планот до крајот на мај требаше да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил Монт Еверест.
Веста за смртта ја објави сајтот „Хималајан“.
„63-годишен алпинист од југоисточна Европа почина додека се обидуваше да се искачи на највисоката планина во светот“, објавија официјалните претставници на базниот логор.
Веста за смртта на македонскиот алпинист ја потврдил и менаџерот на базниот логор, Ками Нуру Шерпа.
„Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор“, рекол Шерпа.
Доктор Георги Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.