Македонската хакерската група „Анонимуси“ објави дека ја хакирале интернет-страницата на британската пејачка Дуа Липа. Тие на „Твитер“ објавија дека ја хакирале и официјалната интернет-страница на Дуа Липа и дека таа нема да биде функционална еден час.
Ваквата реакција е поради фотографиите на голема Албанија и пораките за Косово, што ги објави британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа.
Нешто подоцна објавија и за албанската пејачка Рита Ора дека и таа шири пропаганда, што е сосема доволно за нив да ѝ ја хакираат и нејзината интернет-страница.