Македонците меѓу најнесреќните во светот

На светската ранг листа за среќа на која се наоѓаат 156 земји, Македонија е на 89. место. Ова го покажува Извештајот за среќа за 2018 година што го објави Организацијата на Обединетите нации. На врвот на листата за среќа е Финска. По неа се Норвешка и Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Од земјите во регионот, најсреќни се Словенците на 51. место, па Косово (61), Србија (78), Грција (79), Црна Гора (81), Хрватска (82), Босна (93) и Бугарија (110).

Најнесреќни во светот се граѓаните на Бурунди.

Обединетите Нации го обајвуваат светскиот извештај за среќа од 2012 година, а се изработува врз основа на истражувања во секоја од 156. рангирани земји. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.

Scroll to Top