Макрон има најсекси телохранител

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит Макрон имаат најсекси телохранител, пишуваат американските медиуми. Тие го забележаа телохранителот на Макрон кога францускиот претседател беше во посета на Вашингтон кај Доналд и Меланија Трамп.

Макрон и неговата сопруга беа опкружени со тим на телохранители во текот на целиот престој, но еден од нив го привлече вниманието на јавноста. Поради неговиот изглед и стилизираната фризура, новинарите го нарекоа „францускиот Рики Мартин”.

Scroll to Top