Макрон ја нарече сопругата на австралискиот премиер „вкусна“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги изненади многумина за време на посетата на Австралија кога направи лапсус и сопругата на австралискиот премиер Луси Турнбул ја нарече „вкусна“.

Францускиот претседател за време на заедничката конференција за новинари им се заблагодари за гостопримството, како и на неговата вкусна сопруга.

„Сакам да ви се заблагодарам за гостопримството, на вас и на вашата вкусна сопруга на топлиот пречек“, изјавил Макрон.

Оваа изјава на социјалните мрежи предизвика голем број шеги на сметка на францускиот претседател, а објаснувањето било во погрешната употреба на англискиот јазик бидејќи зборот вкусен (delicious) на француски се преведува како прекрасен или пријатен.

 

Scroll to Top