Марадона призна уште три вонбрачни деца

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Диего Армандо Марадона го признал татковството на уште три вонбрачни деца кои ги добил со различни жени, додека престојувал во Куба.

Ова го објавил неговиот адвокат Матијас Морла. Марадона во моментов работи како технички директор во мексиканскиот клуб Дорадос де Синаола, наскоро треба да отпатаува во Куба за и правно го признае татковството.

„Ќе направиме ДНК анализи. Станува збор за деца кои Марадона ги добил со различни жени, а тој ќе ги признае кога ќе дојде на Куба“, изјавил Морла.

Марадона од 2000 година до 2004 година, на Куба се лечел од зависност од наркотици. За време на тој период, Марадона развил пријателство со тогашниот кубански лидер Фидел Кастро, но уживал и во ноќниот живот во Хавана. Марадона од претходно има пет деца со различни партнерки.

Сега со новото признавање, бројот на негови потомци пораснал на осум.

Scroll to Top