Марк Цукенберг им се обрати на македонските ботови

Основачот на „Фејсбук“, Мак Цукенберг, за Си-ен-ен се обидел да објасни како „Фејсбук“ се нашол во средина на скандалот со откривање податоци на корисниците.

Во таа пригода тој ја споменал и Македонија.

„Ботовите од Македонија со користење лажни профили и пласирање лажни вести се обидоа да влијаат на резултатот на изборите во американската држава Алабама. Тие обиди ги неутрализиравме. Сето ова не е квантна физика, но тоа е многу, многу работа за нас, која мора да ја сработиме. Мораме да се потрудиме Русија и другите ‘тролови’ да не се мешаат во што било, во овој случај изборите, и да го забраниме ширењето лажни вести“, истакнал Цукенберг.

Светските медиуми известиле дека во текот на викендот податоците од 50 милиони корисници на „Фејсбук“ без нивно знаење и одобрение се испратени на компанијата „Кембриџ аналитика“, која има политички дата-центар и која работела на изборната кампања на претседателот Доналд Трамп во 2016 година.

Scroll to Top