Долгогодишниот тапанар на легендарната панк-рок група „Рамонс“, Марки Рамон, ќе настапи на 11. издание на Д фестивал во Дојран. Тој е првиот потврден музичар на годинашното издание на популарниот музички фестивал, кој ќе се одржи од 1 до 3 јули. Рамон ќе свири со својот бенд „Блицкриг“, а ќе настапи и со некои од најголемите хитови на „Рамонси“.
Марк Бел (69) им се придружи на „Рамонс“ во 1978 и свиреше на осум од 14-те студиски албуми на бендот. Тој беше дел и од финалната постава пред групата да се распадне во 1996 година.
Ова ќе биде второ гостување на Марки Рамон во Македонија, откако пред 14 години настапи и на „Таксират“.