Мартинката е симбол за март: традиционален обичајот за здравје и среќа

By

Според нашите народни верувања, на 1 март, за среќа, се прави и се подарува мартинка, вид белезица од засукани конци.

Мартинката претставува засукани бел и црвен конец, најчестo волнени, а самите бои имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа и никогаш не се менуваат.

Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да им врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Мартинките се носат сè до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен. Ако по еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна.

Во Тиквешијата носењето на мартинките е најдоцна до 22 март и се верува дека на тој што ја носи ќе му донесе среќа во животот. Во други делови на нашата земја мартинките се закачуваат на најблиското расцветано дрво.

Ќе ви се допадне

AniWatch animes online: Attack on Titan (Dub) Episode 25

AnimeHeaven animeheavens: Redo of Healer (https://animeheaven.pro/m/lYKB) Episode 12