Сопственикот на „Тесла моторс“, Илон Маск објави дека донира 100 милони долари награда за развој на најдобра технологија за фаќање на емисиите на јаглен диоксид.
„Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за фаќање на јаглен диоксидот“, напиша Маск на Твитер, по што следуваше втор твит во кој ветува дека повеќе детали ќе открие следната недела.
Меѓународната агенција за енергија при крајот на минатата година порача дека е потребен поголем пораст во примена на технологијата за фаќање на јаглен диоксидот, ако земјите сакаат да ја постигнат целта, нето емисиите на штетни гасови да бидат сведени на нула.
Am donating $100M towards a prize for best carbon capture technology
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2021
Фаќањето на емисиите кои ја загреваат планетата станува критичен дел од многу планови во борбата против климатските промени, но до денеска постигнат е многу мал напредок во таа технологија, со напори насочени на намалување на емисиите, а не на отстранување на јаглен диоксидот, пренесува „Ал Џазира“.
Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за фаќање на јаглен диоксидот како дел од обеменот план за борба против климатските промени.
Details next week
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2021