Маски за сува коса од мед

Сувата кршлива коса можете да ја омекнете лесно со домашна маска од мед. Употребете ги состојките што ги имате дома за да подготвите една од овие три маски за коса од мед. Маските се нанесуваат еднаш неделно на влажна коса.

Направете маска од 1/4 шолја мед и малку свежа вода. Држете ја маската половина час, а потоа исплакнете ја косата со топла вода. Медот е полн со антиоксиданси и хранливи материи што поволно влијаат на фоликулите и го стимулираат растот на косата.

Можете да си направите маска од 1/2 шолја мед и 1/4 чаша маслиново масло. Оваа маска влијае на сувата коса со која видно ќе ги освежите и коренот и врвовите на косата. Смесата најпрвин загрејте ја, па нанесете ја како што тоа го правите со шампонот.

Маската можете да направите ако во 1/4 шолја мед додадете 10 лажици вински оцет. Нанесете ја смесата на вашата коса и ја оставите да дејствува 15 минути, па исплакнете ја со топла вода. Оваа маска дејствува и како природен регенератор.

Scroll to Top