Носењето маски не е никаква гаранција дека нема да се заболите од коронавирус, пишува српски Курир, повикувајќи се на „Логично“.
Тие се повикуваат на студијата која доктор Горан Туневал ја објавил во 1991 година, во World Zurnal of Surgery.
„Носењето хируршки маски никогаш не покажало дека ги намалува постоперативните инфекции на раните“, пишува доктор Горан Туневал во својата студија.
„Напротив, забележано е намалување на инфекциите за 50%, ако не се користат маски“, објаснува тој.
Туневал одлучил да ја тестира ефикасноста на маските. Неговиот хируршки тим наизменично извршувал 3.338 операции, со и без употреба на маски. 1.537 операции направени од специјалисти кои носеле маски завршиле со 73 инфекции. Тоа е стапка на зараза од 4,7%
Речиси кај секој петти пациент, од вкупно 100, се појавила инфекција. Кај 1.551 демаскирани операции биле забележани 55 инфекции. Тоа е стапка на зараза од 3,5%. Помалку од 4 на секој 100-ти пациент. Значи, се јавува пораст на инфекција од 34% во случај на носење маски.
Турневал заклучил дека маските не гарантираат заштита кај пациентите, на кои операциите ги изведуваат здрави здравствени тимови.
Оттука се јавува прашањето, ако маските не можат да заштитат ни отворена рана, кога хируршки тим дише директно во неа, каква корист имаат во јавното опкружување, каде никој од нас нема отворена рана?
Маските можат да спречат капки течности и слуз, но доказите покажуваат дека истите тие не го спречуваат ширењето на коронавирусот.