Дамјан Давков, познат во јавноста и како Штипски Питагора, лани ја разбрани јавноста бидејќи беше одбиен од државава за парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, со образложение дека бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.
Денес, тој повторно освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада – ЈБМО, чиј домаќин е Молдавија.
Екипата се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за учеството на оваа олимпијада се погрижи Сојузот на Математичари на Македонија.
Лани, Давков беше поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари од општината Штип и со признание за почесен граѓанин на општината.