Маж посвои четири деца со посебни потреби

Бенџамин Карпентер од Велика Британија посвоил четири деца со посебни потреби. Тој првото дете го посвоил пред 10 години. Синот Џек, неговото најстаро дете, е родено со аутизам. Бенџамин ги има и Руби (6), Лили (5) и Џозеф (2).

Карпентер за британските медиуми вели дека пораснал во религиозно семејство и дека отсекогаш сакал да стане татко. Никогаш не му било приоритет да има биолошки деца, но затоа посвојувањето му се допаѓало како опција. Бидејќи бил свесен дека децата со посебни потреби многу ретко ги посвојуваат, се одлучил во своето семејство да го прошири токму со деца кои повеќето луѓе не ги сакаат.

Scroll to Top