Маж силувал жена во воз додека патниците го снимале и не презеле ништо

 Фистон Нгои е уапсен за силување жена соопшти полицијата во Филадефлија. Тој ја силувал девојката во возот, додека останатите патници само гледале и го снимале. Фистон веќе бил со криминално досие.

Тој останал во САД иако неговата студентската виза веќе била истечена, но, имиграциониот систем го заштитил од депортација.

Скандалозниот настан го потврдил во емисијата и водителот на „Фокс“, Такер Карлсон, кој рече дека Фистон бил уапсен минатата недела поради бруталниот напад во возот SEPTA. Тој легално дошол во САД во 2012 година со студентска виза.

Бил државјанин на Конго, а визата му била укината во 2015 година, затоа што повеќе не бил студент. Судските документи покажуваат дека тој бил повеќе пати уапсен и имал две прекршочни пресуди. Една за недозволено користење  супстанци и за сексуална злоупотреба.

Во 2017 година во Вашингтон се изјаснил за виновен за сексуалната злоупотреба и бил осуден на 120 дена затвор и девет месеци условна казна. Бил примен во имигрантски притвор во јануари 2018 година. Никогаш не бил депортиран.

Во март 2019 година  судија ја одбил неговата депортација, откако Одборот за имиграциски жалби потврдил дека неговиот прекршок не бил сериозен злостор.

Фистон бил ослободен, но морал постојано да се пријавува во Службата за имиграција и царина, која го надгледувала. Кај нив се јавуваат лица пуштени од притвор додека не бидат депортирани.

Полицијата во Филаделфија соопшти во понеделникот дека нападот во возот траел шест минути, а патниците не направиле ништо, туку само го снимале со телефон.

Единствената личност која направила нешто била службеник во SEPTA. Таа повикала итна помош, полиција и вработени од транзитна полиција, кои стигнале за три минути и го уапсиле.

„Сакаме сите да бидете лути, згрозени и да ни се придружите во одлучноста за сочувување на нашиот систем“, рече началникот на транзитната полиција Томас Нестел пред новинарите, а пренесе „Филадефлија инквајерер“.

Scroll to Top