Најновата спроведена студија во Велика Британија покажала дека кога мажот ќе се загледа во жена, тој тогаш прави репродуктивна процена на нејзината физиономија. Постојат одредени карактеристики што жената ја прават попривлечна затоа што се поврзани со плодноста и доброто здравје.
Кога мажот кај жената ќе забележи одредени карактеристики, потсвесно ги поврзува со можноста таа жена да стане мајка. Науката потврдила дека мажите ги привлекуваат следниве шест карактеристики што ги поседуваат жените:
Пошироки колкови – мажите сакаат пошироки колкови и ниска половина. Поизразените колкови се поврзуваат со плодноста, па од таа причина им се попривлечни на многумина мажи.
Висок пискав глас – според научната студија, мажите го сакаат таквиот глас затоа што ги потсеќа на младоста, па тоа го поврзуваат со ситното женско тело. Овде станува збор за една потсвесна еволутивна насока спрема која мажите ги избираат жените.
Здрава коса – сјајната, полна и долга коса е доста атрактивна. За мажите е уште еден знак на здравје и плодност. И, за среќа, фризерските салони и третманите за коса значително може да ја зголемат потсвесната предност кај мажите.
Насмевка – не мораме да напоменеме дека науката потврди дека среќните луѓе привлекуваат со својата позитивна енергија.
Помалку шминка – можеби мислите дека сенката или алајнерот ќе ги нагласи вашите очи, а поинтензивниот кармин за усни ќе привлече повеќе погледи. Но, истражувањето покажа дека мажите ги сакаат жените со 40 % помалку козметика. Можеби е најдобро да се држите до она дека умереноста е многу подобра од претерувањето.
Носење црвено – причината што очигледно се крие во тоа што црвената е поврзана со копнежот. Овој феномен на привлечност е присутен и кај животните.