„Медена земја“ во сабота на Телма

Документарниот филм „Медена земја“, кој беше номиниран за две награди Оскар, во сабота премиерно ќе се прикажува на телевизија „Телма“ од 19:15 часот. Филмот за Атиџе Муратова, кој до неодамна се прикажуваше во кината, освои голем број награди во текот на изминатата година на најреномираните светски филмски фестивали.

Освен „Медена земја“, во текот на продолжениот велигденски викенд на „Телма“ премиера ќе имаат уште три  филма. Во петок ќе се прикажува „Соба со пијано“ на Игор Иванов – Изи, во недела „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, а премиера во понеделник ќе има филмот „Џган“ на Вардан Тозија.

Scroll to Top