Мекдоналдс го пласираше новиот производ, кој се нарекува Мек-веган, а фановите за кратко време на социјалните мрежи закачија фотографии од овој производ, кој е на чекор да ги собере сите симпатии.
Целта на компанијата беше да тестира дали овој производ ќе има добар пласман кај луѓето, пренесува „The Sun“.
За жал, постои една мана. Овој бургер за почеток ќе имаат можност да го пробаат само жителите во Тампереа во Финска од 4 октомври до 21 ноември.
Фановите на Мекдоналдс истакнаа дека овој новитет веќе ги собрал бројните симпатии и дека станува се популарен
На социјалните мрежи коментираа дека се надеваат дека овој бурген наскоро ќе биде достапен и во другите земји.
Купците, кои досега имаа среќа да го пробаат, ги поделија своите импресии преку социјалните мрежи.
За жал, сеуште не е официјално потврдено дали овој производ ќе се пласира во сите делови на светот.