Месечен хороскоп за август 2019 година

Овен 

Доколку работите, ќе имате можност да добиете атрактивни задачи преку кои ќе можете да ја изразите својата креативност, што ќе поттикне ентузијазам за работа и амбиција. Август не е премногу романтичен период. Вредностите во врската ќе значат одговорност, соработка, заеднички ангажман во секојдневните задачи и активности. Љубовниот живот на овните кои се во врска или брак ќе поминува низ конструктивен период. На крајот на месецот работите ќе бидат подобри.

Бик 

Август е одличен месец за уметнички цели, но исто така и за активности кои се поврзани со знаења, промоција, публицитет, забава или спорт. Август е поволен за покажување на љубовни чувства на полиберален начин, без разлика дали сте официјално во врска или не. Покажете ја вашата романтична страна и разбудите ја хибернацијата на своите страсти и фантазии. Најдете време да експериментирате и да бидете авантурист.

Близнаци

Во текот на август сé ќе се врти околу соработка и партнерските односи. Ќе се соочувате со нефлексибилни луѓе што може да доведе до прекин на соработката. Август може да биде комплициран за близнаците. Можни се компликации со партнерот. Време е да превземете акција и да донесете одредени заклучоци. Воздржете се од импулсивни реакции и осудувања.

Рак 

Пренатрупан распоред или непријатни задачи во тешки услови. Охрабрувачки е тоа што можете да заработите повеќе пари. Ве очекуваат обврски, напорна работа и труд, доколку сакате вашата врска да успее. Задоволство ве очекува преку патување, комуникација или заеднички интелектуални цели.

Лав

Август е важен месец за вашите финансии. Ова е идеален период за анализирање на ситуацијата, но ве советуваме важните одлуки да ги донесувате после 22 август. Страсти кои можат да создадат турбулентни љубовни афери и скандали. Очекувајте топол месец во кој нема ви недостасува емоционална исполнетост. Внимавајте на повреди.

Девица

Среќа и голем потенцијал за успех. Ве очекува остварување на поголеми планови, склучување на нови договори, соработки и покажување на таленти. Ова е среќен месец за девиците. Во врската очекувајте значајни настани, се разбира, позитивни. Ве очекува нова врска, а доколку се наоѓате во сериозна врска или брак, односот со вашиот партнер ќе биде подобар, посмешен, попозитивен.

Вага

Август не е поволен месец за вагите кога станува збор за работа. Ве очекуваат потешкотии со концентрацијата и пасивност. Анализирајте ја вашата ситуација и донесете одредени заклучоци. Бидете внимателни кога станува збор за пари, бидејќи август не е дарежлив месец. Во текот на август нема да ви биде лесно да ја одржите хармонијата во односите. Обидете се заеднички да инвестирате во вашата врска. Ова е период на смиреност и сериозна дискусија и за заедничките планови.

Скорпија

Некои скорпии ќе се соочат со проблеми поради тврдоглавост и нефлексибилност кога станува збор за важни прашања. Август е одличен месец за љубов. Љубовта може да дојде од далеку, доколку патувате, а исто така и преку социјалните настани. Ако веќе сте во врска, во текот на август можете да очекувате многу забава и добро расположение.

Стрелец 

Среќата е на ваша страна, ќе имате нови можности и поволни околности. Ќе добиете пофалби, награди. Вашиот љубовен живот и интересите на партнерот се тесно поврзани со вашата кариера, социјалниот статус и истакнатите личности. Стрелците ги очекува среќа и емоционална исполнетост.

Јарец

Ве очекуваат неочекувани настани, добри или лоши. Во секој случај, треба да размислите за одлуките што ги направивте во односот на финансиите. Успех во бизнисот доаѓа преку активности кои треба да ги направите во странските земји. Ве очекува љубов на далечина или романтични патувања. Во текот на август вашиот љубовен живот нема да биде одвоен од материјалните вредности, кои можат да создадат одредена тензија.

Водолија 

Во август ќе ги имате сите потребни работи за постигнување на професионални цели: поддршка, заштита, поволни околности и среќа. Август е динамичен месец за вашите финансии. Ќе имате потреба да освојувате и да дејствувате повеќе енергично. Сепак, анализирајте ги своите емоции и достигнувања до сега и пронајдете го проблемот.

Риби

Поставете си нови цели. Успехот ќе зависи од соработката со другите луѓе, клиентите и различните социјални контакти. Финансиската ситуација ќе зависи од работните одлуки, развиената стратегија и брзото дејствување. Љубов, среќа, заеднички достигнувања – вака ќе изгледа август за рибите. Емоционалната исполнетост ќе ја добиете преку среќни околности. Комуникацијата е од особено значење за љубовниот живот на рибите во овој период.

Scroll to Top