Месечен хороскоп за август 2020

Овен

Треба внимателно да пристапувате во однос на вашите работни обврски и да не дозволувате ништо да ви избега од вид. Таквиот пристап ќе ви донесе просперитет и среќа. Не водете инает, туку потрудете се да останете отворени и да ги слушнете идеите на другите околу вас. Средината на месецот ќе ви донесе добра заработувачка. Ако сте во врска, можно е да откриете голема несигурност, која вообичаено не ја покажувате и вешто ја криете пред другите. Ќе се чувствувате несигурно, па можно е да реагирате дури и пребурно. Потрудете се да бидете искрени и отворени кон саканата личност и да не ги сфаќате нивните зборови како напад на вашата личност. Потрудете се да поработите на враќање на стабилноста во врската. Слободните Овни ќе се соочат со голема страст, но мора да останат смирени и трпеливи и да одат чекор по чекор. Дајте им шанса на другите да ве запознаат, а направете го тоа и вие од ваша страна. Нема потреба да брзате никаде. Ќе го добиете тоа што го сакате на крајот на месецот. Грижете се за своето ментално здравје.

Бик

За некои Бикови доаѓа можност да заработат преку социјалните мрежи и интернет. Искористете ги сите можности на современата комуникација за да покажете што знаете и да го претставите тоа пред другите. Размислувате визионерски, имате интересни идеи, а тоа е забележано од вашите шефови. Можна е поддршка од личност што има подолго искуство од вас. Ако сте во врска, планетите овој месец ви даваат моќ да ги примените сите промени што долго ги посакувате. Најдобро би било со саканата личност да отидете на кратко патување и да поминете време заедно. Време е да се опуштите заедно. Слободните Бикови не би требало да влегуваат во врска само поради тоа што се чувствуваат осамено и им е потребно внимание. Бидете внимателни и не брзајте никаде, дури и да запознаете интересна личност, нема потреба да брзате никаде. Дајте им шанса, но не поради тоа што сте осамени. Можни се главоболки и пад на крвниот притисок.

Близнаци

Планетите ви се наклонети овој месец, а тоа ви носи финиширање на некои проекти и затворање важни циклуси. Можно е да имате помош од некоја влијателна личност, но не заборавајте да покажете благодарност ако тоа се случи. Ќе се чувствувате задоволно во текот на целиот месец поради исполнетите мали цели и постојано ќе ги славите малите победи. Ако сте во врска, мали промени во вашата перспектива може да донесат промени во тоа како гледате на партнерските односи и како ги доживувате љубовта и блискоста со саканата личност. Сепак, не носете важни одлуки додека сте лути, туку запрашајте се какви мотиви има саканата личност. Пробајте да ги видите работите и од нивна перспектива. Слободните Близнаци можно е да запознаат нова интересна личност на некое кратко патување. Прифатете ја поканата за љубовен состанок бидејќи иако личноста можеби не ви изгледа интересна на прв поглед, можно да е откриете дека нејзината харизма е поширока од тоа што го гледате и дека имате многу заеднички теми за разговор. Овој месец можно е некој да проба да го тестира вашето трпение, па затоа останете смирени и не возвраќајте на ист начин. Движете се почесто.

Рак

Иако сакате да се организирате и да ги планирате своите потези, треба да знаете дека интуицијата ќе ви биде најголем пријател во текот на овој месец. Сепак, бидете внимателни и не брзајте никаде, а штом ќе донесете одлука, потоа не менувајте ја. Ве очекува голем успех на полето на креативноста. Ако сте во врска, се соочувате со несигурност и незадоволство, но не знаете како да го канализирате тоа, па постојано барате причини за кавги, кои партнерот не ги разбира сосема. Универзумот ви препорачува да го смените вашиот пристап и да почнете со поинаков пристап. Не анализирајте премногу, нема да си помогнете овој месец така. Слободните Ракови ќе посакаат да ги средат односите со другите луѓе, односно конечно да ја завршат приказната со некои бивши и да ги остават во минатото. Вториот дел од август ви носи голема харизма и привлечност, така што ќе бидете цел на многу додворувачи. Една од тие личности може да остане и подолго во вашиот живот. Бидете умерени што и да правите, не истоштувајте се.

Лав

Овој месец ќе морате да се позанимавате со политика и дипломатија. Една влијателна личност е на ваша страна, но се прашувате себеси зошто е тоа така. Не анализирајте премногу, таа личност веројатно гледа способности во вас, кои самите не можете да ги видите поради истоштеноста. Искористете ја можноста да научите нешто од неа и вратете си ја моќта што секогаш ја поседувате. Во врската ви се потребни трпение и пристап, што не значи дека вие знаете најмногу. Вашите зборови понекогаш се на место, но оставате впечаток како да не ја цените саканата личност доволно и тоа го разнишува вашиот однос. Седнете и разговарајте, сакајте се, подобрете ја блискоста. Тоа е тоа што ви е потребно овој топол август. Ако сте слободни, ова е период кога вашиот живот може да се промени од корен. Можно е да дојдете до разочарување, но тоа ќе ви помогне да анализирате како се поставувате кон другите луѓе и веќе во вториот дел од месецот да се поврзете со личност што сака подобро да ве запознае. Добро е да поминете време покрај вода. Поработете на тоа да го подобрите имуниетот.

Девица

Сите обврски ги сфаќате сериозно, но овој месец ќе покажете дека треба да бидете и малку флексибилни. Потпрете се на својата аналитичност и способност за забележување на деталите и работите самите ќе се постават онака како што треба. Поработете на тимската работа, тоа е нешто што го занемарувате ова лето. Ако сте во врска, ќе се чувствувате самоуверено и сигурно тоа ќе се рефлектира и на самиот однос со саканата личност. Ќе уживате во времето поминато со саканата личност, па, така, август ветува многу убави моменти за вас. Ако сте слободни, ќе бидете барани и посакувани, а тоа ќе ви дојде одлично овој месец. Ќе флертувате и ќе уживате во вниманието што го добивате, но не сме сигурни дали ќе дозволите некој да го освои вашето срце. Не морате да правите отстапки за никого, вистинската личност чека на вас. Можни се напнатост и мрзливост, пробајте да го смените тоа.

Вага

Ќе се соочите со неколку препреки во текот на август, но тие, дефинитивно, не треба да се причина да се откажете и да дозволите стресот да ве победи. Едноставно, сфатете ги како дел од работата и фокусирајте се само на оние нешта што можете да ги промените. Задржете ја смиреноста, не дозволувајте да ве обземе лутина. Ова е период кога вашето трпение е ставено на тест. Во партнерските односи се чувствувате стабилно и смирено, но само додека е по ваше. Кога саканата личност ќе се спротивстави на вашите желби, веднаш се бунтувате и ништо не ви е во ред. Сепак, партнерот нема да има премногу трпение за вашата постојана желба за контрола, па можни се конфликти. Можеби е време да размислите дали е тоа добра навика и колку ви штети во самиот однос. Слободните Ваги треба да се држат цврсто до своите ставови и вредности овој месец и да бегаат од површни односи. Ова е период на развивање и учење. Потребна ви е детоксикација.

Шкорпија

Ова ќе биде успешен период за оние Шкорпии што се занимаваат со трговија. Нема да имате претерана волја за работа, но нема да ви биде ниту потребна бидејќи овој месец ќе се фокусирате само на важните обврски. Ако работите во тим, ќе имате репутација на оној што работи најмногу иако нема да се вложувате претерано во работата. Ова е период кога ќе можете да дојдете до посакуваните промени бидејќи саканата личност ќе сака да соработува. Можно е да дискутирате за заеднички живот, купување стан или проширување на семејството. И двете страни се подготвени да се борат за љубовта, така што август е месец што носи многу убави промени. Што и да направите, ќе биде постигнато со љубов и соработка. Слободните Шкорпии ќе бидат во фаза да избираат меѓу две сосема различни личности. Размислете добро што е тоа што го сакате покрај себе на подолг рок. Можни се проблеми со стомакот и дигестивниот систем.

Стрелец

Бидете внимателни на работното место бидејќи можни се прераспределби што нема да ви се допаднат. Однесувајте се одговорно и посветено и не нервирајте се за оние нешта што не зависат од вас. Ако ја задржите смиреноста, можен е голем напредок на ова поле. Втората половина од месецот ви носи потреба да донесете некои важни одлуки, па затоа размислете добро. Во партнерските односи ќе бидете многу емотивни, но и насочени кон самоанализа, личен раст и развој. Задржете го отворениот ум и потрудете се да не се затворате во себеси. Доаѓаат многу важни промени за вас, но не оддалечувајте се од саканата личност. Ако сте слободни, ова е период за личен развој и самоспознавање и за слободните Стрелци, па така добро е да се оддалечите од сите оние што сакаат да ви се приближат. Пробајте да излезете од некои кругови и шаблони на однесување. Можни се главоболки и проблеми со стомакот.

Јарец

Овој месец можно е зближување со одредени соработници со кои ќе имате заеднички идеи, но за тоа ќе ви бидатг потребни храбро срце и отворен ум. Бидете приспособливи, планирајте умерено и надевајте се на најдоброто. Овие луѓе доаѓаат со причина во вашиот живот. Ако сте во врска, овој период ви носи соочување со некои работи што сте мислеле дека сте ги надминале, но не е така. Чувствата што сè уште се дел од вас, а не се исчистени, ќе ве однесат во најтемните делови од вашето срце и ќе ве натераат да размислувате. Нема да биде пријатно, но улогата на партнерот е да ве провоцира во однос на тоа. Затоа, кога ќе се налутите и разбесните, не лутете му се на партнерот, туку на универзумот, кој ви ја предизвикува ваквата промена. Слободните Јарци ќе се најдат во центарот на вниманието на личност што не знае да ги изрази своите чувства. Држете се до своите вредности и принципи и не отстапувајте од нив, чувајте се овој месец. Ова е мамка во која, ако пропаднете ќе научите тешка, но важна лекција за себе. Можен е голем стрес. Некои Јарци ќе ги мачат болки во грбот и мигрена.

Водолија

Ве очекуваат одлични успеси на ова поле, но и супер соработка со колегите. Пробајте да ги процените сите ситуации објективно и не преземајте поголем товар од тој што можете да го издржите. Ако се занимавате со трговија, време е за попис и ревизија. Ако патувате поради работа, проверете дали документацијата ви е во ред и важечка. Ако сте во врска, можни се конфликти на ова поле, но не се плашете како ќе бидете сфатени туку изразете се добро. Повремените конфронтации само ја продлабочуваат врската, ова не е крај. Само заеднички соочувајте се со проблемите кои доаѓаат и се ќе биде во ред. Слободните Водолии ќе бидат романтично расположени. Ќе сакате да ги изразите своите чувства за некоја драга личност, но постојано ќе се плашите од тоа како ќе бидете сфатени. Надминете го таквиот страв бидејќи ќе се изненадите од позитивната реакција од другата страна.

Риби

Овој месец ќе имате голема поддршка од некого што сака да ве види како успевате или од некого што ќе биде на ваша страна. Ако работите во тим, можни се несогласувања и непријатни разговори. Не вклучувајте се во соработки во кои немате целосна доверба во другата страна. Ако сте во врска, интензитетот на емоции на ова поле носи големи промени. Склони сте кон лутење и обвинување на саканата личност, но тоа не е најдобриот пристап бидејќи му штети на односот повеќе одошто можете да замислите. Пробајте да ги разберете мотивите од нивна страна и да го премолчите она што не мора да биде кажано. Вториот дел од месецот ви носи стабилизација во односите. Слободните Риби треба да се внимателни во однос на луѓето што им пристапуваат, а не ги познаваат добро. Не давајте им доверба на оние што не ја заслужиле, односно не брзајте кога станува збор за тоа. Анализирајте и набљудувајте првин, па потоа решете се дали некој ве заслужува во неговиот живот.

Scroll to Top