Месечен хороскоп за јули

Овен

Во првиот дел од јули, Меркур и Венера ќе ви донесат многу нови шанси за позитивни промени. Ве чека профитабилен период, но и многу состаноци, дискусии и договори. Финансиски, ќе имате причина за оптимизам. Накратко кажано, овој месец нема да има причина да се грижите за вашето здравје. Ова ќе биде период кој ќе ви донесе подобрување на здравјето и медицински решенија, доколку ви требаат. Марс ги поминува последните денови во куќата на врските во овен. До 28  јули ќе имате можност да донесувате важни одлуки во врската, но тоа исто така може да предизвика и конфликти. Кон крајот на јули, Венера ќе влезе во куќата на љубовта, што значи деа вашиот љубовен живот значително ќе се подобри.

Бик

Од професионален аспект, јули ќе биде доста ефективен, што значи дека ќе бидете зафатени речиси цело време. Со Венера и Меркур, кои ќе бидат во куќата на парите, првиот дел од јули ќе биде дарежлив: ќе добиете многу материјални привилегии, како и луксузни подароци. Крајот на јули ќе ви донесе олеснување: Марс ќе си замине од куќата на болести, па доколку сте имале здравствени проблеми во последниве 6 месеци, сега може да ги снема. До крајот на месецот препорачливо е внимавате на инфекции. Во поголемиот дел од месецот нема да чувствувате многу романтика. Дури во последната недела од јули, вашата сензуалност ќе се покачи, а со тоа и ќе се чувствувате посигурни. Исто така, ве очекуваат долги, приватни разговори со некоја личност со која сте биле во минатото, но сѐ уште немате сѐ расчистено.

Близнаци

Овој месец, Сонцето, Венера и Меркур ќе поминат низ вашата куќа на пари, а тоа значи дека ќе ви биде зголемен интересот за напредок. Во последната недела од јули ќе имате поголем приход од обично, но исто така ќе имате и ризик од поголеми трошоци. Повторно ќе бидете во добра форма. Психолошката состојба ќе ви биде доста добра – Венера ќе ви донесе радосни моменти. А оптимизмот ќе ви биде на највисокото ниво, бидејќи Меркур ќе влезе во вашиот знак и ќе остане сѐ до август. Венера, планетата на љубовта, првите две недели ќе биде лоцирана во близнаци, па така љубовта лесно ќе го пронајде патот до вас. Доколку сакате да бидете среќни, треба само да го отворите срцето и да ги покажете вашите чувства. Овој месец најмногу ќе си одговарате со некој кој е во знакот на лав.

Рак

Прочитајте и… Овие знаци ви покажуваат дека не пиете доволно вода и можно е дехидрирање!
Сонцето ќе помине низ куќата на кариерата, што значи дека ќе имате можност да ги истакнете вашите вештини. Ќе бидете амбициозни, а токму тоа е она што ви е потребно за поголем успех. Кога станува збор за парите, вашиот среќен период ќе започне од 16 јули, бидејќи тогаш Јупитер ќе премине во рак. Ќе бидете во одлична форма и ќе чувствувате како стресот полека се намалува. Овој месец немате причина да се грижите за вашето здравје. Единствено полната месечина може малку да ве вознемири во периодот од 11 до 12 јули. По едногодишниот престој на Јупитер во знакот на рак, желбата за страст и авантура малку ќе ви се намали. Сензуалната Венера, ќе биде во знакот на рак на 18 јули. Оваа позиција на Венера ќе ви донесе хармонија и соработка со партнерот, а за оние кои не се во врска може да си ја обноват старата врска.

Лав

Во првиот дел од јули, ќе ви недостига ентузијазам, но сепак, можно е да започнете нов проект со луѓе кои го делат вашето мислење. На 16 јули, Јупитер ќе премине во лав и ќе остане една година, а тоа значи дека значително ќе си ја подобрите финансиската состојба. Првата недела од јули можно е да се чувствувате послаби и уморни. Нервниот систем исто така може да ви биде слаб. Избегнувајте стрес и одморајте се што повеќе. Во текот на целиот месец ќе претпочитате вашата романса да ја држите во дискретност, отколку да ја покажете пред јавноста. Во последната недела од јули можно е некој ваш близок пријател да ви изјави љубов. На 16  јули, Јупитер ќе премине во лав, а тоа ќе ви донесе задоволство и успех во вашиот љубовен живот.

Девица

Во првите две недели од овој месец, Сонцето ќе премине во Девица, а Венера која ќе донесе можности за нови соработки, ќе пристигне во вториот дел од месецот. Сѐ на сѐ, јули ќе биде одличен месец за да се експонирате и да ги покажете вашите способности на работното место. Финансиски, исто така состојбата е добра. Вашата енергија ќе биде на највисокото ниво. Но, последната недела од јуни може да биде деликатна, па затоа избегнувајте стресни работи. Овој месец ќе бидете навистина романтично расположени и ќе имате потреба од љубов, блискост и нежност. Вашата врска ќе биде подобра од кога било, а доколку не сте во врска, овој месец можете да започнете врска. Последните две недели од јули ќе ви бидат уште поуспешни на љубовно поле, а се чини дека ќе ги паметите уште долго.

Вага

Добри вести, ова ќе биде период полн со успеси! Сонцето ќе биде во куќата на кариерата на 23 јули, додека Меркур и Венера ќе преминат во истата куќа помеѓу 19 и 22 јули. Доколку сакате да започнете некој нов проект или, пак, да го промените работното место, овој месец е вистинското време за тоа. Финансиски, вториот дел од месецот ќе ви биде попрофитабилен отколку првиот дел. Ќе бидете во добра форма во текот на целиот месец, а последните неколку дена од јули ќе чувствувате зголемена хармонија, мир и спокојство, што дополнително ќе ве разведри. Во првите две недели од овој месец ќе бидете постојано во дилема, а тоа може да ви донесе стресни моменти. Ова исто така ќе биде важен месец за вашата врска, во кој ќе сфатите дали сте еден за друг со партнерот. Добрата вест е тоа дека на 28 јули притисокот ќе се намали, а вашиот љубовен живот ќе стане похармоничен.

Скорпија

Јули ќе биде месец на истражувања, студии или други интелектуални обврски. Јупитер ќе влезе во куќата на кариерата на 16 јули, а со тоа ќе донесе многу успех на професионално поле. Првиот дел на јули ветува подобрување на финансиите. Јули носи добри вести: Здравствените проблеми со кои се соочивте минатиот месец, полека ќе ги снемува. Ќе бидете многу подобро, но, морате да внимавате, вашето тело сѐ уште не е во најдобра форма. Венера, планетата на љубовта, ќе биде на мистериозно место во вашата осма куќа во првите две недели од јули. Осмата куќа ќе ве стимулира да се истражите психички себеси и да се соочите со стравот од врски. На 19 јули, Венера ќе премине во деветтата куќа, што значи дека ќе бидете расположени за сентиментални романтични патувања.

Стрелец

Првите две недели од јули ветуваат перспективен период на професионално поле. Можно е да добиете предлог за унапредување или, пак, да склучите некој важен договор. Кога се работи за парите, овој месец нема место за грижа. Парите ќе го најдат патот до вас. Можно е да почувствувате мала расеаност, но веќе до крајот на првата недела од јули повторно ќе се вратите во форма. Венера ќе ви донесе малку сензуалност и романтично расположение со кое ќе креирате романтични моменти со партнерот. Првиот дел од месецот ќе биде одличен за пронаоѓање на личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од животот.

Јарец

Добри вести! Јули ќе виде важен месец за договори, соработка и тимска работа. Ќе имате многу можности да ги докажете вашите вештини и знаења на работното место, па можеби и ќе добиете унапредување. На 16 јули Јупитер ќе влезе во јарец, а тоа значи дека кон крајот на месецот треба да очекувате екстра сума на пари. На 1 јули, Меркур ќе премине во куќата на болестите, па затоа можно е да напредне здравствениот проблем кој сте го имале. Вашиот партнер претстојниот период ќе ви стане најважната личност, а доколку не сте во врска, можно е да започнете нешто со нова личност, но тоа кратко ќе трае. На 13 јули, Меркур ќе премине во јарец, а со тоа ќе се засили романтичноста во вашата врска. А на 18 јули Венера ќе влезе во јарец и ќе ви донесе разбирање и добар сентиментален живот.

Водолија

Ова ќе биде еден одличен месец за да ги докажете вашите таленти! Првите две недели од јули ќе бидете полни со креативни идеи, организација и лидерски способности. Со Сонцето лоцирано во водолија, ќе уживате авторитет на работното место. Финансиската состојба ќе ви се подобри кон крајот на месецот. Во текот на целиот месец ќе водите грижа за вашата хигиена, а тоа е клучот на доброто здравје. За подобрување на вашата линија, почнете да вежбате. Сѐ до 18 јули Венера ќе биде лоцирана во водолија, а со тоа ќе ја зголемите романтиката во врската. Ова е совршен период за да го истражите вашиот еротски потенцијал и да го подобрите приватниот живот. Последната недела од јули ќе ги израдува оние кои не се во врска.

Риби

Овој месец повеќе ќе бидете расположени да одмор отколку за работа. Но, како и да е, обврските чекаат, па затоа препорачливо ви е да го завршите она што се бара од вас, па потоа да планирате нешто друго. На 16 јули Јупитер ќе премине во риби и ќе донесе оптимизам на финансиско ниво. Ќе бидете во одлична форма, посевно во првите две недели од овој месец. Исто така, ќе имате и многу физичка енергија, па добро би ви било доколку ја искористите за танцување, спорт или некоја друга физичка активност. Ве очекува многу романтичен месец. На 13 јули, Меркур ќе влезе во риби, а тоа ќе ве натера да направите промени во врската кои ќе се одразат позитивно на вас. Два дена подоцна, Венера ќе пристигне, а со себе ќе донесе страсни задоволства и бранови на сензуалност. Затоа, искористете ги деновите рационално и запознавајте нови луѓе.

Scroll to Top