Жонг Чонгронг не е обичен милионер. Не вечера во најскапите ресторани, не оди на забави и концерти, не се дружи со кинеската елита.
Жонг е еден сосема обичен 51 годишен милионер, кој по работното време на сите можни начини се обидува и успева да заборави на својата финансиска состојба поради личниот мир и задоволство.
Во рацете место кеш – ѓубре
Пред точно три години, Жонг донел една од најважните одлуки во неговиот живот, да стане комуналец кој почнувајќи од 8 часот, секои утро ќе го чисти реонот во кој живее.
Собира хартии, мастики и сето ситно ѓубре и гледа секое делче на улицата во неговиот крај секогаш да биде кристално чисто.
Кога почнал со необичното хоби, многумина го гледале зачудено. Додека едни му се воодушевувале, други со послаба вера во човечката добрина, во неговите гестови гледале само самопромоција, евтина желба за комшиите повеќе го ценат, иако сите знаеле дека е полн како брод.
На коментарите, Жонг воопшто не обрнувал внимание. Облекол маица и стап за ѓубре и тргнал во акција. Наидувал на насмевки меѓу луѓето и уште на почетокот знаел дека ја прави добрата работа.
„Во текот на семејното патување во 2015 година во Хајнан, сретнав професор во пензија кој некогаш ми предаваше на Универзитетот Чинху. Ми рече дека последните 4 години го собирал ѓубрето низ плажата. Бил среќен што се грижел за околината, екологијата му била на прво место. Оставил толку силен впечаток на мене што самиот посакав да ја правам истата работа“, открива Чонгронг.
Жената и децата ги нервира, вработените не сакаат да го следат
Во меѓувреме во неговата компанија тргнал во мисија да ги охрабри вработените да го следат неговиот пример, но како што вели, засега слабо влијаел на нив.
Неговото семејство не е среќно поради неговата нова мисија. На прошетките во портокаловата маица низ крајот, и собирањето на ѓубрето не гледаат благонаклонето и упорно се обидуваат да го одвратат од тоа.
„Целосно е неважно колку сме академски образовани и дали го фрламе или собирање ѓубрето. За околината мораме да водиме сметка. Кој ќе го прави тоа место нас? Колку и да лицата од комуналните служби работат на чистењето на улиците, тие на крајот пак остануваат валкани. Тоа само значи дека ние мораме нешто да промениме“, вели овој милионер кој во свое сопствеништво има неколку агенции за недвижности, продавници на автомобили и компанија за преработка на материјали.