Милионерот од Сиетл, Ден Прајс, си ја намалил платата, за да може неговите вработени да добијат поголеми примиња.Место милион долари годишно, тој си ја намалил годишната плата од милион долари на 70.000 долари, колку што добиле и неговите работници.
Прајс е сопственик на компанија за финансиски услуги Gravity Payments, a од неодамна се пофали дека со ваквиот потег трипати повеќе му пораснала добивката.
„Кога за првпат воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија се надевав дека ние ќе станеме предмет на проучување. Многумина мислеа дека тоа е еден вид социјализам, дека нема да функционира на долги патеки и дека ќе пропаднеме“, изјавил Прајс.
Тој вели дека неговата фирма од тогаш трипати ја има зголемено заработката и дека денес се предмет на проучување на Харвард.
„Откако воведов минимална плата од 70.000 долари, нашето делување за трипати се зголеми, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом порасна за десет пати. 70% од вработените ги имаа отплатено своите долгови. Десет пати порасна бројот на деца на вработените. Заминувањето на вработените се преполови. Дури 76% од вработените се ангажирани двапати повеќе од националниот просек“, напишал Прајс.
„Многумина тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Јас не се согласувам. Откако ја воведов оваа плата, секој ден добивам пораки од директорите кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. Тажно е тоа што сме воспитани на начин да ги понижуваме другите, наместо да го преиспитаме системот кој нас нè понижува“, напишал Прајс.
„Луѓето гладуваат, се отпуштаат или ги искористуваат, така што некој може да има пентхаус на врвот на една зграда во Њујорк со златни столови. Цело време ја величаме алчноста во општеството и култура. Листата на ‘Форбс’ е најлош пример. Џеф Безос го надмина Бил Гејтс како најбогат човек. Кому му е гајле за тоа?“, изјавил Прајс за „Би-би-си“.