Министер на Уганда обвинет за секс-туризам

Туризмот во Африка, иако во последните неколку години е во постојан пораст, Уганда дури лани реши да се активира, кога ја посетија два милиони туристи.

Оваа година, пак, се очекуваат три милиони туристи, а покрај националните паркови, гастрономијата и бурниот ноќен живот, Уганда одлучи да промовира уште една атракција.

Министерот за туризам, Годфри Киванда, го претстави новиот проект за промоција на туризмот, под името „Мис облини”, со цел да се покажат еротски атрибути на локалните жени, со цел да се подобри имиџот на земјата во светот.

Голем број организации веќе го обвинија министерот дека жените ги третира како предмети и промовира „секс-туризам”, а кампањата пред сè е навредлива за жените кои живеат во земјата.

Освен тоа, главниот град Кампала е град кој никогаш не спие, па покрај одличните ресторани, клубови, барови и природни атракции, како што се горилата, националните паркови и реката Нил, не е воопшто потребно да се промовира „секс-туризам”.

Scroll to Top