Иако не ја издава тајната на кој начин успеал да ја совлада оваа риба, Николиќ, кој е полициски инспектор во пензија, вели дека многу му помогнал пријателот.
„Помош во моментите на извлекување ми дадоа пријателите Лале Ниличиќ и Живот Гроздановиќ. Кога ја извлековме, не можевме да веруваме што уловивме. Само главата на рибата е тешка 11 килограми. Сега ова е најголемиот улов на Растовничкото Езеро и го соборивме рекордот затоа што претходно најтешкиот толстобик беше 38 килограми.
Станува збор за специфична риба, која тешко се навлекува на јадица, па затоа овој улов е уште подраг. А дека не станува збор за рибарска приказна, покажува и фотографијата, па сите оние што не веруваат во тоа може да се уверат дека борбата со оваа риба беше сериозна и долга.

Инаку, Николиќ од својата седма година е рибар, а рибаро-ловечката страст ја наследил од дедо си Миловој и татка си Првослав, кој има 88 години и понатаму го сака риболовот и постојано е на Топлица.

Николиќ е познат и како голем заштитник и љубител на Растовничкото Езеро каде што престојува буквално секој ден. Таму има викендичка и секое попладне може да се види со рибарскиот стап на брегот.