Младите Американци книгите ги заменија со социјалните медиуми

Американски истражувачи се огласија во јавноста и ја изразија својата загриженост за однесувањето на младите лица во земјата и нивната преголема ангажираност со социјалните медиуми.

Според студијата која ја направиле, тие велат дека голем дел од младата популација во САД речиси во целост ги има отфрлено навиките за читање на книги и истите ги има заменето со читање на информации на социјалните медиуми.

Седумдесетите години од минатиот век, речиси 60% од тинејџерите читале книги, додека во 2016 година овој процент паднал на само 16%.

Еден од тројца тинејџери од САД не прочитал книга или списание по сопствен избор во 2016 година, а потрошил во просек шест часа на интернет, читајќи текстови на социјалните мрежи.

Младите книгите ги имаат заменето не само телевизијата, туку веќе и со паметните телефони, пренесуваат американските истражувачи во списанието American Journal of Psychology.

Истражувањето било спроведено со собирање на податоци децата од средните школи на Универзитетот во Мичиген. Истото се водело под името „Следење на иднината“, која се занимавала со трендовите од 1975 година.

Истражувањето исто така открило необичен пораст на користење на социјалните медиуми меѓу 12 годишните деца. Во 2008 година, 52% од нив изјавиле дека секој ден посетувале интернет страници преку социјалните медиуми како што се „фејсбук“ или „инстаграм“.

Јеан Твенге, професорка по психологија на Универзитетот во Сан Диего и една од авторките на студијата, изнесе загриженост поради влијанието на дигиталната технологија на децата.

„Читањето текстови и другите облици како книга и текстови од списанија е важно за разменувањето на сложени идеи и за развивањето на способностите за критичното размислување“, изјавила професорката за Sydney Morning Heraldu.

 

 

 

Scroll to Top