Младите фудбалери на „Ривер“ биле сексуално малтретирани

Фудбалскиот клуб „Ривер Плата“ од Буенос Аирес го тресе голем скандал кога беше откриено дека неколку играчи од младинските категории биле сексуално малтретирани. Управата на аргентинскиот гигант официјално потврди дека ќе соработува со полицијата и ќе ја даде целата потребна логистичка подршка кога една невладина организација откри дека повеќе малолетници со години биле сексуално малтретирани во младинските категории на „Ривер Плата“.

Клупскиот доктор знаеше дека имало сексуално малтретирање на неколку деца што живееле во кампот, изјави на прес-конференцијата, адвокатот што се занимава со заштита на жртвите што биле силувани.

Тужбата до полицијата беше поднесена од Асоцијацијата на жртвите од силување (АВИВИ), а се однесува на наводното сексуално малтретирање на малдите фудбалери на „Ривер“ во периодот од 2004 до 2011 година.

 

Тамошните медиуми пишуваат дека пред полицијата сведочело 17-годишно момче, кое признало дека во клубот го терале да има сексуален однос со неколку млади фудбалери од Буенос Аирес.

 

Се плашиме дека во оваа проституциска мрежа се вклучени уште неколку клубови, како „Индепендиенте“ и „Темперлеија“, изјави пред неколку дена обвинителот Марија Соледад Гарибалди.

Кога е во прашање „Ривер“, го истражуваме случајот со една девојка од одбојкарскиот тим и двајца фудбалери, изјави Бонцијалзи.

Досега се уапсени шест лица, меѓу нив е и Мартина Бустуса, службеник за односи со јавност и организатор на турнирот за младинските категории.

Scroll to Top